Кажете им збогум на брчките

Објавено: 4 јули, 2015, во 09:35 часот

Иако брчките се природен дел од процесот на стареење на никому не му се мили. Затоа ви донесуваме неколку рецепти за маски и третмани кои ќе ги избркаат брчките.

–    Згмечете банана и нанесете ја на претходно исчистено лице. Оставете да делува половина час и измијте со млака вода.

–    Измешајте лажиче маслиново масло со неколку капки лимонов сок и смесата нанесете ја на лицето. Оставете да делува 20 минути и измијте со млака вода.

–    Измешајте мед со неколку капки маслиново масло. Нанесете на лицето и оставете 20 минути па измијте со малка вода.

–    Ананасот е одличен избор во борбата против брчките. Изгмечете ананас и нанесете на лицето. Оставете да делува 20-30 минути и измијте со млака вода.  Наместо изгмечен ананас може да користете и сок од ананас.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.