Кажете им збогум на брчките
Иако брчките се природен дел од процесот на стареење на никому не му се мили. Затоа ви донесуваме неколку рецепти за маски и третмани кои ќе ги избркаат брчките.
– Згмечете банана и нанесете ја на претходно исчистено лице. Оставете да делува половина час и измијте со млака вода.
– Измешајте лажиче маслиново масло со неколку капки лимонов сок и смесата нанесете ја на лицето. Оставете да делува 20 минути и измијте со млака вода.
– Измешајте мед со неколку капки маслиново масло. Нанесете на лицето и оставете 20 минути па измијте со малка вода.
– Ананасот е одличен избор во борбата против брчките. Изгмечете ананас и нанесете на лицето. Оставете да делува 20-30 минути и измијте со млака вода. Наместо изгмечен ананас може да користете и сок од ананас.