БиХ овозможи вработување на свои граѓани во странство
Објавено: 16 јануари, 2017, во 09:35 часот
БиХ потпиша меѓународни договори за вработување со Србија, Словенија, Германија (само за негувателки) и Катар, а во тек се преговори со Црна Гора, рече за Фена заменик директорот на Агенцијата за труд и вработување на БиХ Жељко Тепавчевиќ.
Додаде дека е предложено склучување на такви договори и со Хрватска, Русија, Германија (за сите занимања) и други земји каде бх. државјаните традиционално одат да работат.

