Зошто возиме на десната страна?

Објавено: 28 ноември, 2014, во 08:38 часот

Во повеќето земји од светот правилата во сообраќајот подразбираат возење на десна страна, а во 28% важи правилото на возење на лева страна.

Во феудална Европа се пешачело и се патувало по левата страна да, во случај на опасност полесно би се употребил мечот кој се држел во десната рака. Оружјето било неопходно затоа што опасност демнела на секој чекор.

Така било се до појавата на Наполеон Бонапарта. Тој бил леворак и повеќе муи одговарало возење на десна страна зошто во левата рака држел камшик а со десната ги држел уздите на коњот.

Донел и закон за тоа, кој прво е применет во Франција, а со Наполеоновите освојувања, законот се применувал во сите земји на стариот континет.

Сепак, Англичаните ги задржале старите навики, кои и ден денес се на сила во скоро сите делови во светото кои биле британски колонии.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.