Истрага и за фестивалите на народна музика во Македонија
Објавено: 24 ноември, 2014, во 16:47 часот
Истрагата за местење фестивали се пресели и на сцената на народната музика, дознава Алфа од свои извори.
Откако полицијата откри организирана група која ја сомничи дека ги местела резултатите и влијаела на пласманот на изведувачите на Скопскиот фестивал, сега се утврдува како се гласало на два фетсивала за народна музика кои се одржаа годинава.
Причина повеќе за сомнежот дека осомничените кои според МВР вмеша прсти во телевоутингот за избор на песна за Евровизија, влијаеле и на пласманот на други фестивали, е фактот што во собраните докази при претресот во двата стана каде се вршеше групното координирано гласање биле пронајдени цели списи и извештаи за еден фестивал на народна музика кој не се одржува во Скопје.
Мотивот на осоминичените најверојатно и во овие два случаи бил ист односно да дојдат до 35 те илјади евра што како награди се доделуваа на овие два фестивали.


