Завршија средбите на Иванов со преставници на политичките партии
Завршија средбите на претседателот Ѓорге Иванов со претставници на политичките апртии БЕСА и Алијанса за Албанците во Вилата на Водно. По средбата со БЕСА, генералниот секретар на партијата Африм Гаши не даде изјава за медиумите и најави соопштение. Само кратко рече дека оној кој ќе обезбеди парламентарно мнозинство, тој ќе формира влада.
По овие средби во Вилата Водно со Иванов во 14:30 часот со претседателот на ДУИ Али Ахмети, во 16:00 часот со претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, беа поканети и претставници на ДПА.
Консултациите на претседателот на Република Македонија со парламентарните политички партии, следуваат по средбата на претседателот Иванов со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски и по средбата со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски не успеа да состави Влада.
Извор: 24 вести