Лишени од слобода двајца кавадарчани кои се сомничат за кражба на ореви, трет крадел бадеми

Објавено: 9 октомври, 2026, во 12:30 часот

„На 08.10.2026 година,во 13:30 часот, во Кавадарци, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци ги лишија од слобода С.Ј.(64) од село Марена, и И.Б.(57) од село Мајден, кавадаречко. Тие се сомничат дека од нива во место викано „Краиште“,  кавадаречко, сопственост на правно лице, одзеле поголема количина ореви. Исто така, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со О.С.(59) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од нива, сопственост на правно лице во место викано „Белград“ кавадаречко, одзел бадеми. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.