Хојт Брајан Ји: „ Со асистенција на Нимиц решението е можно“
Објавено: 12 ноември, 2014, во 09:18 часот
Спроти новата рунда преговори за името во Њујорк, Хојт Брајан Ји, заменик помошникот на државниот секретар на американскиот Стејт департмент, за Дојче веле подвлекува дека со асистенцијата на Нимиц решение за спорот е можно!
Која опција околу името денес ќе се најде на преговарачката маса меѓу македонската и грчката страна и посредникот Метју Нимиц во Њујорк, е материја за која во јавноста и пред оваа средба се молчи. Освен вчера изнесените информации од Балканската истражувачка мрежа (БИРН) дека можеби повторно ќе се расправа за предлогот на Нимиц од 2013 година – „Горна Република Македонија“ кој не мина кај грчката страна, друго ништо не се слуша.
Настрана од сите шпекулации, меѓутоа, факт е дека Македонија поради името и натаму останува блокирана од Грција на нејзиниот евроатлантски пат. Извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија покажуваат дека блокадите во Европскиот совет неповолно се рефлектираат врз земјата, што не е добро ни за нејзе и нејзините граѓани, ниту за регионот. Особено што и по пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг, највисокото правно тело на Обединетите нации, Македонија и натаму останува осамен играч. Поддршката од големите држави формално останува, но без конкретен резултат, иако, колку за потсетување, и канцеларката Ангела Меркел и шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер навестија дека задкулисно се ангажираат за решение на спорот со името.
Американска поддршка
Зошто Соединетите Американски Држави, кои ја имаат признато Македонија под уставното име, не пресечат? Ова прашање Дојче Веле му го постави на Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар на Стејт Департментот задолжен за Европа и Евроазија (на насловната фотографија), кој во јануари годинава го посети Скопје и е во тек со случувањата во земјата.
Целиот текст на овој линк.
