Само еден татко во Велес досега искористил породилно боледување

Објавено: 6 ноември, 2014, во 09:32 часот

Само еден маж во Велес досега го искористи правото да биде корисник на породилно боледување наместо неговата сопруга или мајката на новороденчето. Тоа се случило пред дванаесет години. Од тогаш до денеска ваков пример не се повторил иако законот  дава  подеднакво право на жените и на мажите, велат од подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување.

Велешанецот ја прифатил обврската затоа што жената родилка била единствен вработен во приватната фирма што ја имале. Користењето на породилното отсуство од нејзина страна ќе значело девет месечно затворање на влезната врата на продавницата. Таткото одлучил, наместо клуч на влезната врата на дуќанот, мајката да продолжи да работи а тој да ги превземе обврските на нега и одгледување на штотуку роденото бебе. Овој пример до денеска не се повторил велат од Фондот.

Според социолозите балканците воглавно се сопнуваат на стереотипите. Тие за примерот на велешанецот кои ги превзел обврските за нега и грижа во првите месеци на новороденчето велат дека била храбра одлука затоа што во суштина не станува збор само за менување на пелени и хранење на бебето. Во овој период од растот на новороденчето, научно докажано е дека тоа е многу повеќе поврзано со мајката. Не станува збор само за емотивниот аспект туку и за блискоста која е сеуште во фазата на зависност од страна на бебето кон мајката, велат психолозите.

Сепак како и нивните нивните колеги социолозии тие сметаат дека родителската грижа, во првите месеци на новороденчето, без проблеми можат подеднакво да ја споделат и мајката и таткото.

Така е пропишано и во законот според кој досега во државата најмногу правото на породилно отсуство го користат жените а мажите се бројат на прсти. Мајката на новороденчето го користи породилно отсуство во времетраење од 270 дена или вкупно 9 месеци.  Постојат и жени кои го прекинале породилното отсуство. Тие тоогаш ја искористиле можноста да бидат вработена породилка поточно да почнат со работа, на пример по три месеци од раѓањето на новороденчето, кога од фирмата или институцијата земале плата и во исто време добибале уште половина од платата на име на породилен надомест. Него го исплаќа Фондот за здравствено осигурување. Ова право најчество го користат жени родилки кои се вработени на карактеристични работни места како менаџери во приватни фирми или пак службеници во државни институции, претежно образовни во кои работното место не може да остане празно и се пополнува со замена./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.