Фоторепортерка се самозапали во Софија

Објавено: 4 ноември, 2014, во 09:53 часот

Лидија Петрова, 38 годишна фоторепортерка од Бугарија се самозапали вчера во центарот на Софија пред претседателската палата. Ужасниот инцидент се случи околу 15 часот.  Петрова,  се полила со запаллива течност, пламнала како факел пред погледите на десетици новинари и случајно минувачи  пред зградата.

Вработени од палатата и граѓани се обиделе со палта и со противпожарни апарати да го изгаснат огненото тело на жената. Реонот веднаш беше обезбеден. Амбуланта и итен медицински тим ја  кренале на носила жената која сеуште дишела. Нејзиното лице било непрепознатливо.

Началникот на клиниката по изгореници “Пирогов” проф. Огњан Хадџиски  соопшти дека состојбата на младата фотографка, била критична. Петрова се здобила со 90% изгореници по лицето и телото. Од вчера таа е врзана на апарат за дишење.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.