Поскапуваат дизелот и еуросуперот од 95 октани

Објавено: 6 февруари, 2017, во 13:02 часот

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел (Д-Е V)“ од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,50 денари за литар, а на „еуродизел (Д-Е V) 53 денари за литар.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ не се менува, односно останува 68,50 денари за литар.

За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 42,00 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари и килограм ќе чини 27,845 денари.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.