Фактор: Влегуваме во разрешница или во опасна фаза?
Влегуваме во разрешница или во опасна фаза?
Со секој изминат ден без договор за парламентарно мнозинство, се заострува реториката што доаѓа од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Последната директна порака оттаму беше упатена и кон СДСМ и кон ДУИ.
По средбата на највисокото раководство со амбасадорката на ОБСЕ, на чело со лидерот Никола Груевски, во соопштението немаше ни малку дипломатски речник, туку заканувачки зборови во случај ако ВМРО-ДПМНЕ не направи влада.
„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се наведува и дека принципот за коалицирање победник со победник не смее да биде прекршен. Груевски упати ипорака до довчерашниот коалициски партнер, Али Ахмети.
„Доколку сега се отстапи од тој принцип, и свесно се прекрши, секој еден кој во иднина кога ќе се сменат околностите, ќе помисли да дојде и повторно да се обиде да не убедува да го воспоставуваме тој принцип, треба да знае дека без дискусија ќе биде избркан од штабот на партијата, а партијата ќе коалицира со кого ќе оцени дека е најдобро за самата партија и земјата, како што е и во другите држави“, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Ахмети и Заев на жешка линија, на терен потпретседателите
Претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети во партиските седишта на Бихаќчка и во Мала Речица имаат внатрепариски консултации по состанокот на двете партиски делегации.
Двете партии засега се далеку од конкретни дискусии по специфични политички прашања и од поделба на ресори. Иако, протекоа информации дека од СДСМ имало конкретен предлог, прво да се договори парламентарно мнозинство и да се соберат 61 потпис за да се добие мандатот од претседателот Ѓорѓе Иванов, а потоа да се премине на разговори за идната Влада.
Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби изјави дека ако СДСМ ја прифаќа заедничката платформа на албанските партии, во која е и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција.
“Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да.” , изјави Груби.
Текстот на Фактор, во целост, прочитај го тука.