Времето денеска!
Објавено: 15 октомври, 2014, во 06:30 часот
Во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност.
Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч.
Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 28°C.
http://weather4all.com.mk/
