Ахмети го добил списокот од Заев, преговорите не запираат
Али Ахмети ја добил пратка од Зоран Заев. Материјали од Бихаќка стигнале до Мала Речица, потврдуваат партиски извори и од двете партии. Сега Ахмети има што да размислува, и да ги почне преговороте со своите во ДУИ. Изгледа тие преговори се многу потешки за Ахмети отколку оние со Заев и Груевски.
Од ДУИ не сакаат да прецизираат што сè има во пакетот освен предлог закон за алабанскиот јазик кој го потврдуваат и дали пакетот го содржи се она што од ДУИ го побарале . Од СДСМ, пак, само кусо велат дека документот е еден, пренесува Тв 24. Партиски извори од ДУИ велат дека на маса се и разговори за ЕУ, НАТО, СЈО, како и изборните платформи на двете партии на изборите. Сепак она што можеби е уште побитно од ЕУ и НАТО се претстојните комбинаторики за настапи на локалните избори. И тие некако влегуваат на голема врата иако не се на списокот и платформата на Албанците .
Во меѓувреме има надеж за сите, и преговарачите на лидерите на СДСМ и на ДУИ, континуирано ги усогласуваат листите за барањата, велат дека си тече работата, а се раправа дури и за кадровски решенија, поделба на министерства, во што ДУИ, со оглед на бројот на освоените гласови , настапуваат мегаломански.
Единствена брана во целиот тој настап се комбинаториките за локални избори. Неколку агенции, веќе тестираат имиња за градоначалници, главно за скопските општини и градот Скопје. Од СДСМ на листата се дел од новите фронтмени на извршниот на партијата и поранешни пратеници, од ВМРО ДПМНЕ немаат дилеми дека ќе одат со уште еден мандат за Коце Трајановски. Вмровците најавуваат интересни старо нови кандидати за општина Центар.
За ДУИ почнува полека ладење со виско подигнатиот праг „Нова Влада“ и почнува немирот наречен „Локални избори“ и тие можни коалицирања. Тие до персонални решенија, не се стигнати, така што упатените велат дека оваа седмица би требало да заврши пимплањето со новата влада за да се премине во подготовките првин за локалните, а од есен ако не врви колицијата СДСМ-ДУИ да се оди на предвремени парламентарни избори.