СДСМ: Колку чинат спомениците кои ги донира анонимното здружение?
Објавено на 15 август, 2014 во 14:44
Секогаш кога ВМРО – ДПМНЕ нешто крие, денови и месеци ќе молчи, а потоа ќе излезе во јавност со приказни од минатото и ќе сака да зборува за турското ропство, Втората светска војна, велат од СДСМ.
За разлика од нив СДСМ ништо не крие. Кога конечно ВМРО – ДПМНЕ се огласи, доколку навистина нема од што да се плашат нека одговорат:
1. Колку чинат спомениците кои ги донира анонимното здружение?
2. Кој е изворот на средствата за нивна изработка?
3. Кои се авторите на спомениците?
4. Со оглед на тоа што е од Крушоради, која е улогата на Никола Груевски во донацијата?
Прости прашања, на кои не е тешко да се одговори, а се во интерес на граѓаните.