Ректорот ги повика професорите да го прекинат штрајкот
Објавено: 25 јули, 2014, во 14:53 часот
По 15 дена штрајк со глад на тројцата доценти на Штипскиот Универзитет се појави Ректорот Саша Митрев и ги повика да го прекинат штрајкот, бидејќи не се искористени сите законски нормативи за решавање на овој случај. Митрев вели дека досега не ги посетил тројцата професори бидејќи не бил повикан од нивна страна, а со нив ќе има средба откако ќе го прекинат штрајкот со глад. Тие штрајкуваат во просториите на СОНК во Штип, откако беа избркани од универзитетот. Ректторот на Униоверзитетот вели дека во моментов според решението на Државниот инспекторат започната е постапката за реобјавување на рецензиите и очекува Наставно научниот совет на Економскиот факкултет повторно да гласа за изборот на тројцата професори надоцна до 14 август.
-Ние како универзитет имаме добра воља како ректорат, јас како ректор овие работи да се решаваат внатре во универзитетот на некој смирен начин. Тоа и јас пробав да го направам со двете групи, кои на некој начин се поларизирани на самиот Економски факултет, но како ректор не можам да бидам цело време меѓу нив, додека тие меѓу себе се препукуваат, вели Митрев
Исцрпени од гладувањето, со серозно влошена здравствена состојба, според професорите Крсте Шајноски, Александар Костадиновски и Маргарита Матлиевска ректорот на денешната прес-конференција уште еднаш демонстрирал самоволие. Велат дека случајот е кристално јасен, нивните рецензии поминале низ сите филтри и се објавени во билтен, а според членот 132 од Законот за високо образование, мора да бидат избрани врз основа на оценката која е во извештајот.
-Автономијата на која се повикува ректорот не значи дека може да владеат едни, двајца или тројца луѓе или да бидат вилаети на одредени семекства, ова е сериозна институција која е составена од 13 факултети. Во УГД работат доктори на науки, магистри и луѓе кои сакаат чесно да си го заработат лебот, вели Крсте Шајноски.
Зошто одлуката ако е автономна тогаш ректорот ги повикал колегите еден по еден и им давал инструкции како да гласаат, вели Александар Костадиновски.
46 те синдикалци од земјава, кои се придружија на птрајкот со глад во синдикалните простории во земјата, денеска дојдоа во Штип за да им ја потврдат својата подршка, но една нивна колешка колабираше.Раководството на СОНК попладнево во 16 часот ќе одржи вонредна седница на која ќе одлучува за следните чекори, меѓу кои и за радикализација на штрајкот со глад.
