Понискиски цени за дизелот
Објавено на 21 февруари, 2017 во 10:17
Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Комисијата ја посочуваат пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.