Се судрија „Мерцедес“ и товарно возило во Неготино
Објавено на 9 јули, 2014 во 13:26
Сообраќајна незгода денеска на пладне се случи на регионалниот пат Неготино-Штип кај подвозникот на излезот од Неготино.
Се судриле патничко моторно возило „Мерцедес“ со неготински регистарски ознаки управувано од жител на неготинското село Пепелиште со товарсно возило со српски ознаки.
За среќа жртви во незгодата нема. Повредените се пренесени во болница.
Причините за незгодата се утврдуваат.