Научници креирале монополарен магнет
Објавено: 5 јули, 2014, во 09:14 часот
Научници кои работеле на колеџот Амхерст, во Масачусетс информираа дека успеале во креирање, идентификување и фотографирање на синтетички магнетен монопол.
Научниците велат дека истражувањето на синтетички електрични и магнетски полиња брзо се шири и може да води кон развој на нови материјали, како што се суперпроводници кои пренесуваат струја без губиток на енергија.
Вообичаено, без оглед колку големи или мали, сите магнети имаат северен и јужен пол. Пред повеќе од 80 години британскиот теоретски физичар Пол Дирак предвиде дека монополарни магнети се можни, но дека никогаш не се најдени во природа.
Тим од научници предводен од физичарот и професор Дејвид С. Хол вели дека синтетички монополарни магнети биле креирани во рамки на екстремно студен атомски гас. Тимот успеал да фотографира монополарни магнети на краевите на малечки вртлози на ултра студен гас.
Извор: РСЕ
