Пешачката патека на Железен мост стана велосипедска и моторциклистичка

Објавено: 2 јули, 2014, во 11:54 часот

Повеќе велосипеди и моторцикли отколку пешаци ја користат патеката на Железен мост. Доаѓаат од двете страни на градот и ако веќе ја користат наместо да ги туркаат тие ги возат велосипедите и моторите. Интересна глетка беше моментот кога се разминуваа  моторцикл и велосипед. Ниту еден од возачите не даде предимство на другиот туку паралелно минаа еден покрај друг. Во целата ситуација најобесправени се пешаците. Возачите нив дури им сигнализираат со свирка да се потргнат за да можат да извозат преку мостот.

По патеката на Железен мост се одвива сообраќај подолго време но сега е зголемена фрекфенцијата поради поправката на мостот „Гемиџии“, раскажуваа граѓаните. Тие единствено се чудат што во изминатите два месеци се почесто тука минат и поголеми мотори.

„Со нив е небезбедно бидејќи кога побрзо возат мора да се залепиме до заштитната ограда. Не е пријатно кога брз мотор мине покрај тебе. Со помалите мотори и велосипеди можечовек да се справи. Сепак мислам дека патеката не треба да ја злоупотребуваат бидејки не е изградена за нив туку за нас пешаците,“ рече велешанка.

„Нема сообраќаен знак за забрана и затоа мислам дека возачите знаат дека нема да бидат казнети па злоупотребуваат. Знак мора да се постави и да има редовна контрола. Само така ќе се одвикнат од навиката да минат кога овде не им е местото, “ рече велешанец.

Пешачката патека преку мостот ја изгради општината за да им го олесни доаѓањето во центарот на Велес на граѓаните од Прцорек  и населбите околу спомен костурницата, од Дорутовец , од Речани и останатите приградски населби.  Тие веќе не се движат до мостот „Гемиџии“ и не заобиколуваат за да стигнат од едната на другата страна во градот. Но, очигледно е дека три километри од патот кратат и моторциклисти и велосипедисти кои без проблеми си минат по железен мост./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.