ЛДП ја исклучи Роза Топузовска Каревска
Централниот одбор на ЛДП ја исклучи Роза Топузова Каревска од Извршниот одбор на партијата и ја разреши од функцијата потпретседател на ЛДП, пренесуваат некои медиуми.
Одлуката е донесена едногласно. Роза Топузова Каревска на последните предвремени парламентарни избори се наоѓаше на високото трето место во изборната единица 4 на листата на опозициската коалиција.
Местото го доби благодарение на договорот меѓу лидерите на опозицијата. Таа не го испочитува ставот на нејзината партија да го врати пратеничкиот мандат и ги прекина комуникациите со ЛДП, а лидерот на нејзината партија јасно кажа дека таа во Собранието може да ги застапува само своите интереси и ставови, но не и да ја претставува ЛДП.
За прв пат таа се појави на седницата за избор на Влада.