Анкета за рејтинзите на политичките партии на ИРИ

Објавено на 23 јуни, 2014 во 15:53

ВМРО-ДПМНЕ со 34 проценти има најголема доверба кај граѓаните, додека опозициската СДСМ ја поддржуваат 10 проценти од граѓаните, покажува најновото истражување на ИРИ. ДУИ има поддршка од 14 отсто од анкетираните, ДПА 4, а ГРОМ еден процент, додека 13 проценти рекле дека не се одлучиле или немаат одговор.

Од политичарите граѓаните најголема доверба, имаат во Никола Груевски за кого се изјасниле 25 проценти, потоа 9 проценти имаат во Али Ахмети, 5 проценти Ѓорге Иванов, 4 проценти имаат доверба во Стево Пендаровски, 3 проценти во Зоран Заев, а по два проценти имаат Бранко Црвенковски и Руфи Османи, додека еден процент имаат во Радмила Шекеринска.

Специфично е тоа што и покрај високиот рејтинг на владејачката партија и на премиерот сепак голем процент од анкетираните граѓани се изјасниле дека најголем проблем за нив е невработеноста, а голем број се изјасниле и дека невладиниот сектор нема слобода. Според анкетираните високи 55 проценти одговориле дека невладините организации не се слободни, позитивно одговориле 27 насто, а со не знам се изјасниле 18 проценти.

Анкетата покажува дека за граѓаните најголемиот проблем е невработеноста за што се определиле дури 45 проценти, 13 проценти сметаат дека тоа е стандардот, 8 проценти велат дека за нив проблем е економскиот напредок, за 7 проценти проблем е прашањето со името, а за 5 проценти – ниските плати.

Истражувањето опфати илјада 101 испитаници а е спроведено од 23 до 29 мај годинава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.