Почнува судскиот процес Груевски против Заев
Објавено на 19 јуни, 2014 во 07:39
За денеска е закажано судското рочиште по тужбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски против Зоран Заев.
Груевски од Заев бара 500 илјади евра отштета за „континуираните напади на лидерот на СДСМ и за обвинувањата дека Груевски учествувал во нелегална продажба на Македонска банка”.
Адвокатот на Заев, Мирослав Вучиќ тврди дека одбраната ги има сите докази против Груевски за случајот Македонска банка.
Груевски ја поднесе приватната тужба против Заев по објавувањето на аудиоснимка меѓу две лица за продажба на Македонска банка.
Лидерот на СДСМ тврди дека едно од лицата што ја договараат продажбата на банката бил гласот на Груевски кој договарал 1,5 милиони евра од продажбата.