Либертас: Што ја натера Грчева да и сврти грб на партијата?

Објавено на 18 јуни, 2014 во 12:10

Во редовите на раководството на СДСМ се изненадени од вчерашната изјава на Грчева дека ја изгубила довербата во раководството на партијата на која со одлуката да се предимисли околу бојкотот и сврти грб, јави Либертас.

Солза знаеше се околу случувањата што следат под будното ко на Брисел и дека нема да му помине идејата на Груевски на нивно место со вештачка опозиција по негова мерка да ги пополни нивните места, велат изворите на СДСМ и тврдат дека лично таа била информирана од врвот на раководството со ветување дека нема да остане без егзистенција.

Нашите извори тврдат дека врвот на СДСМ не знаел дека таа била советник на премиерот Груевски за контроверзниот проект компјутер за секое дете, нешто што таа го има ставено како податок во нејзиното професионално СВ на сајтот на универзитетот ФОН каде што работи.

Не се сигурни во нејзиниот демант дека не се точни информациите дека само го поврзала нејзиниот лап топ со собранискиот акаунт и дека не подигнала нов.

Не е важно веќе тоа дали или не е точна таа информација во медиумите, ниту пак, дали само и понудиле и службен телефон а таа го одбила, оти, како што кажа, пред кусо време сопругот веќе и подарил нов, велат партиски извори за Либертас.

Кај Грчева наводно излегол на површина личниот страв и не можела да ја види битката со Груевски која, според партиски извори, допрва и престои на СДСМ. Нашите извори оставаат простор дека Буралиева е само „жртва“ на брифинзите од пријателката, за да потклекне и таа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.