Заев: Опозицијата е надвор од парламентот но, не и од државата

Објавено на 14 јуни, 2014 во 12:57

Не може партии коишто не освоиле ниеден пратенички мандат или во шесте изборни единици освоиле само еден мандат, на крај да бидат претставници на кредибилна опозиција во парламентарниот состав. Тоа може да биде само врв на апсурдот, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа.

Сè додека веруваме во нашите души дека се бориме на страната на вистината и на правдата, ќе истраеме и не само тоа, јас верувам дека фронтот за борба за нормализација на нашата земја ќе расте, како доаѓа времето. Ако власта го контролира целиот општествен систем, вклучувајќи ги и медиумите, секогаш постојат дополнителни можности кои опозицијата ги има на располагање да ги искористи – нагласува лидерот на СДСМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.