Се одржа 15 Меѓународна манифестација „24 часовно цртање на стрип“, учество земаа македонски и велешки стрип цртачи
Петнаесеттото издание на овој најмасовен регионален стрип настан се одржи во саботата, на 23 ноември, годинава со учество на 123 претежно млади стрип автори на поранешните Ју простори од кои 14 беа од Македонија. Сите твореа на годинешната тема „Сон-Сонување“.
Организаторот, точно на пладне, ја зададе темата додека авторите покажаа дека умеат од дома да создадат респектабилно творештво. Од Македонија, од дома, на настанот се вклучија и цртаа Михаела Крстеска, Матеј Србиноски , Теа Цветановска, Александар Бараковски, Елена Тасевска, Петар Милев, Марио Ристески, Ана Василева, Матеа Аризановска, Методија Стојановски, Андреа Младеновска, Ангела Петрушевска, Славица Купенкова и Влера Чиче. Останатите млади стрип учесници беа од градовите Загреб, Сплит, Осијек, Ријека, Госпиќ, Херцег Нови, Љубљана, Вараждин, Бар, Сомбор и Марибор.
Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центар на Македонија, уште еднаш го изрази сопственото задоволство дека соработниците и пријатели од Хрватска бргу ја прифатиле неговата ланска иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори во оваа стрип акција. Трајков соопшти дека следат нови мегународни стрип настани, конкурси и фестивали кадешто македонската стрип сцена достојно ќе се претстави.
Стефани Манева