Партијата на Хашим Тачи победник на изборите на Косово

Објавено на 9 јуни, 2014 во 07:11

Владејачката Демократска партија на Косово објави победа на парламентарните избори кои беа одржани вчера. Заменик-лидерот на партијата Кадри Весели на синоќешната прес конференција во Приштина изјави дека неговата партија е најголемиот победник на изборите.

Оваа објава уследи откако првичните официјални резултати покажаа дека партијата на премиерот Хашим Тачи има тесно водство над опозициската Демократска лига на Косово.

Одзивот бил околу 43 проценти, што се толкува како мала излезност, за земја во која гласачите се исфрустрирани од раширената корупција, сиромаштијата и невработеноста со стапка од 35 насто.

Политичките аналитичари сметаат дека и ако конечните резултати ја потврдат победата на партијата на Тачи, тој ќе треба да формира коалициска влада со помали партии и со етничките Срби за да го обезбеди третиот мандат како премиер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.