Филе: Владата итно да ги реши нотираните проблеми, опозицијата да се врати во парламентот
„На денешната средба на еврокомесарот Штефан Филе со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одржана по неодамнешните избори, тие разговараа за повторените препораки на ОБСЕ / ОДИХР во однос на пристрасното медиумско покривање и недостатокот на поделба помеѓу активностите на државата и партијата.
Во овој контекст, комесарот истакна дека новата влада има јасна одговорност за решавање на овие недостатоци, и тие кои во неколку наврати се нагласуваат во извештаите за напредокот на Комисијата, како прашање на итност“, се вели во соопштението од кабинетот на Филе.
„Комесарот Филе ја повика опозицијата да се вклучи во парламентот, како најдобар начин за адресирање на проблемите и придонес за реформите неопходни за земјата. Излегувањето надвор од демократските институции ги слабее истите, а силни демократските институции се во интерес на земјата“, стои во соопштението.
Филе ја повторил континуираната поддршка на Европската комисија за напорите на земјата на нејзиниот пат кон европска интеграција.