Фајон: Проширувањето на ЕУ да остане приоритет

Објавено: 29 мај, 2014, во 15:05 часот

Пратеничката на Европскиот парламент Тања Фајон, која освои нов мандат, изјави дека и натаму ќе се залага за проширување на ЕУ со земји од Западниот Балкан и дека засилувањето на десницата нема да го спречи тој процес.

„Сакам и натаму да и помагам на БиХ кога е во прашање напредокот на процесот на интеграција. Важно ми е тоа што се случува во Босна и тоа секојдневно го следам, изјави Фајно за сараевскиот портал Кликс.

Меѓутоа, како што рече. Сега е тешко да се каже каква ќе биде состојбата во Европа понатаму.

„Знаете дека имавме тешка економска и социјална криза. Проширувањето на ЕУ не беше прва точка на агендата, но јас и моите колеги ќе продолжиме со залагањето за проширување на ЕУ, со цел да му помогнеме на Западниот Балкан“, рече Фајон.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.