Распалија по пратениците со оставка

Објавено на 29 мај, 2014 во 14:47

По вчерашното поднесување на оставките на опозициските пратеници владејачката ВМРО ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека прави пат за одземање на препораката за членство во ЕУ, јави Канал 77. Премерот Никола Груевски жестоко ги нападна опозиционерите, со прашање дали сега ќе бараат и апанажа.

Опозициските политичари беа активни на социјалните мрежи со коментари насочени кон Роза Топузова Каревска, која остана единствениот опозициски пратеник која одби да поднесе оставка.

Кандидатката од 5-та изборна единица, битолчанката Наташа Струмениковска на својот Фејсбук профил Топузовска ја споредува со ластовичка ,која осамена не носи пролет, „па така и една Роза не може да прави опозиција“, напиша Струмениковска.

Поранешниот пратеник на СДСМ, Јани Макрадули побара да ја заборават Роза Каревска Топузовска.

„На мртов Германец сите шмајзери извадија. А против Груевски да се напише нешто? Или треба да ги ставиме на тапет сите од ЛДП, заради лакомоста и корумпираноста на Роза?“, напиша Макрадули.

Лидија Димова се огласи:„И тоа бидна… Сега ќе мора да излезат од рововите и Груевски и Ахмети… а богами и граѓаните!“, вели таа.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски се огласи на Твитер: „На СДСМ сега им фали уште оставката на Заев од градоначалник на Струмица, како негов личен влог во “борбата за демократија против режимот”.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.