Средба Заев – Црвенковски

Објавено на 23 мај, 2014 во 07:20

Се одржа средба помеѓу претседателот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

На средбата била разгледана демократската дебата пред, за време и по 18-от Конгрес на СДСМ.

Заеднички било заклучено дека на СДСМ и е потребно единство и внатрешна кохензија на сите загрижени за состојбите во Република Македонија.

„Нема непријатели внатре во СДСМ, постои едно зло што и нанесува штета на државата, а тоа се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и сите сили треба да се насочат кон доброто на Република Македонија“, заклучија претседателот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.