Заев и Шекеринска ја добија довербата на конгресот на СДСМ

Објавено на 12 мај, 2014 во 07:07

Со тајно гласање, делегатите му изгласаа доверба на актуелниот претседател на СДСМ Зоран Заев. Со 413 гласови „за” и 176 гласови „против” Зоран Заев останува лидер на партијата. Ова е исходот од 18 Конгрес за доверба на раководството на кој доцна синоќа  гласаа делегатите на СДСМ.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање повикал на силно единство во партијата и обединување во остварувањето на заедничките цели.

-Сите излегуваме многу помудри од она што бевме во 11 час, но и посплотени. Вечерва мораме сите заедно да заминеме убедени дека сме среќни заради демократијата наша, не заради бројките. Оваа демократска дебата е можна само во СДСМ. Сакам уште еднаш да ги испорачам пораките кои денеска провејуваа во дебатата, без разлика кој гласал во полза на довербата или недовербата. Сите денеска испративме порака дека ја сакаме СДСМ и дека ова е единствениот политички субјект кон кој што се свртени очите на целата македонска јавност. Ве уверувам сите дека како ваш претседател кој добил доверба во едно тешко време ќе градам единство со сите капацитети, пружам рака секому. Ве уверувам дека знам дека и тие што беа за доверба и тие што беа против доверба малку се. Треба да привлечеме повеќе луѓе надвор од нашата партија. Сите заедно, а јас најмногу, си го носиме бремето на одговорноста да ја вратиме татковината во рацете на граѓаните. Македонија е во прашање, а ние сме први повикани, рече Заев.

Пред делегатите зборуваше и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска и потсети дека Заев не избега од избори, а можеше, ако му беше важна само позицијата претседател на СДСМ.

„Но, каде е храброста, тој влезе во борба против режимот. Можеше да избегне опасни дуели, но тој рече – сите понесуваме ризик, и јас се разбира дека ќе понесам. Да бидеш претседател треба да имаш големо срце, а мала суета и тој тоа го знае. Зоран Заев е човек кој не се откажува од никој од нас, од борбата и затоа претседателе, не се откажувам ни јас“, изјави Шеќеринска.

Делегатите на Конгресот на СДСМ и изгласаа доверба и на заменичката-претседател Радмила Шекеринска.За нејзинот останување на функцијата гласале 386 членови на Конгресот а за недоверба биле 203 делегати.На Конгресот присуствуваа 608 делегати од вкупно 707.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.