(АУДИО) Заев објави снимка за продажбата на Македонска банка на „газда Нини“
Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави ауди снимки за кои рече дека ги отстрануваат сите сомнежи дека продажбата на Македонска банка била договарана по наредба на Груевски и тој зел милион и пол евра во кеш, јави Телма.
Во четирите снимки на телефонски разговори, за кои Заев рече дека ги доставил загрижен граѓанин, се појавува посредник во продажбата на банката. Во два од нив тој разговара со Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини, а во другите разговори, според СДСМ, зборува лично Никола Груевски:
-Една работа е повеќе од јасна. На Никола Груевски не му е државата пред се, туку партијата, а со конечна цел негова лична заштита и заштита на фамилијата и бизнисот. Па добро бе, Никола Груевски, како сте можеле да влечете пари од оф шор компаниите газди на Македонска банка дури во деновите по загинувањето на претседателот Борис Трајковски? Имате ли малку срам, морал, човечност? Кога цела нација беше во болка и тага, очигледно само бизнисот на фамилијата не бил завеан во црно.
Заев рече дека ова покажува зошто Груевски не дозволува да има фер и демократски избори потсетувајќи дека во затвор завршија неколку премиери од регионот. На една од снимките посредникот ги договара конкретните суми за продажба на банката на газда Нини.
Лидерот на СДСМ го повика јавниот обвинител Зврлевски и веднаш да отвори истрага.
-Ги повикуваме надлежните инситуции да не чекаат наредба од Груевски како да постапат за случајот во кој тој ја игра главната улога. Многу афери досега беа заташкани. Ова нема да дозволиме да биде заташкано.
По најавата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесат тужба за клевета против Заев, тој го повика Груевски да се појави лично и да се сретнат на суд. Заев му порача на Груевски и да престане да му се заканува нему, на неговото семејство и на луѓе од СДСМ, затоа што, како што рече, нема намера да запре со објавување на вистината.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=spPy1JAt5Og{/youtube}