Ученичкиот дом Лазар Лазаревски утрово беше „во пламен“
Пожарот што го зафати објектот повреди и двајца ученици. Брзата интервенција на противпожарната единица го спречи огнот да направи поголема штета. Ова ќе беше трагично да беше вистинито. Пожарот беше само симулација, а учениците сместени во домот заедно со пожарникарите вежбаа како да настапат во случај на пожар.
– Целта на вежбата ни беше да покажеме како при настанат пожар безбедно ќе ги извлечеме сите деца ,а потоа и ќе ги заштитиме материјалните добра на оваа институција, вели Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.
– Голема благодарност до противпожарната единица iи пожарникарите кои денеска ни покажаа како да реагираме во случај на пожар. Изведоа четири вежби и ние сме задоволни од тоа што го научиме,вели Василка Ѓурчиновски, директор на ученички дом Лазар Лазаревски.
Како да изгаснат пожар со противпожарен апарат, како да се евакуираат и да ги извлечат повредените. Ова се само дел од активностите кои денеска ги реализираа пожарникарите, учениците и вработените во интернатот. Сите се сложуваат дека ваквиот начин значително ќе ја подобри безбедноста на објектот во случај на пожар.
– Едукацијата е потебна за сите граѓани и само на тој начин ќе се намалат пожарите на ниво на градот„вели Лепидовски.
– Вакиите акции се добри. Во интернатот имаме 221 ученик и плус вработените. Сите треба да знаат како да реагираат во случај на пожар,рече Ѓурчиновска.
Вакви вежби во иднина ќе се спроведат и во останатите општински институции. Од територијалната противпожарна единица утврдиле дека практичните показни вежби во голема мера ќе ја зголемат безбедноста во овие големи установи.
Болницата и детската градинка се следните објекти во кои ќе се изведуваат вежби за заштита од пожар. Неодамна ваква вежба имаше и во градската библиотека./Д.С