ВМРО ДПМНЕ: Огромни суми пари завршуваат во фирмите блиски до СДСМ
Петре Шилегов не одговори на неколку клучни работи… Колку е вкупната сума и за колку тендери станува збор кои со неговиот потпис отишле во рацете на фирмата ДР Пановски чиј што сопственик е спонзор на СДСМ, рече денеска на прес конференција Сашо Трепески,пренесе А1.он.
Каква е врската СДСМ-ДР Пановски? Каква е врската помеѓу Радмила Шекеринска, заменик претседателот на СДСМ и ДР Пановски? Каква е и релацијата помеѓу Петре Шилегов со ДР. Пановски? Праша тој.
Бидејќи Шилегов не одговори, а вчера ние објавивме 6 решенија со кои за најповолен понудувач е избрана фирмата ДР Пановски – денес објавуваме нови 7, што вкупната бројка на решенија со кој Шилегов и овозможил бизниси на фирмата спознор на СДСМ се искачува на вкупно 13 јавни набавки.
Петре Шилегов на 20.10.2004 година носи решение на кое стои неговиот потпис со кој жалбите на фирмата Виктор и Роланд Доо Скопје се одбиваат како неосновани и за најповолен понудувач се избира токму фирмата ДР Пановски.
Петре Шилегов одбива уште една жалба на фирмата Биотек Скопје и се потпишува на решението под број 50-2580/5 со кое најповолен понудувач станува ДР Пановски и на тој начин добива бизнис за набавка на материјали за потребите на ЈЗУ Клинички Центар.
Петре Шилегов се потпишал и на решението со број 50-5774/4 со кое жалбата на фирмата Реплек се одбива во однос на повикот за најповолен понудувач за набавка на материјали за Клиниката за торако-васколарна хирургија. Повторно за најповолен понудувач е избрана фирмата ДР Пановски.
Таков е и случајот со жалбата на фирмата Елибијор која Шилегов ја одбива и тендерот за набавка на потрошен материјал за потребите на Фондот за здравствено осигурување се уважува.