НСДП: Администрацијата под жесток притисок на Груевски и ВМРО ДПМНЕ
Стилот на владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со закани, уцени, притисоци, поткуп, деновиве уште посилно го гледаме на дело. Не престануваат потценувањата и притисоците врз жителите на Пустец и Мала Преспа за обезбедување на сигурни гласови, терајќи ги двојно да гласаат, и во Македонија, и во Тирана како дијаспора, велат од НСДП.
Вршат жесток притисок и врз администрацијата, школи, општини, јавни установи, министерства и агенции сите со ред имаат добиено налог, од прв до последен да го следат Иванов во кампањата, а најпонижувачкиот чин за нив е притисокот да присуствуваат на митингот во Охрид во понеделник.
Ги малтретираат административците да ставаат лајкови за подршка на ВМРО-ДПМНЕ, во кампањата да го придружуваат човекот кој себе си се нарекува претседател на државата, а врши должност портпарол на владата и да обезбедуваат од 15 до 20 сигурни гласачи на партиските списоци.
Во сите нормални демократски општества администрацијата е столбот на државата, а во Македонија Груевски администрацијата сака до крај да ја потчини и од неа да направи верен слуга.