Познати редните броеви на четворицата кандидати за претседател на Македонија

Објавено на 17 март, 2014 во 16:49

Ѓорге Иванов, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде прв на гласачкото ливче за избор на шеф на државата. Под реден број 2 ќе биде Илијаз Халими од ДПА. Трет е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. На четвртата позиција е Зоран Поповски од ГРОМ.

Ждрепката во Државната изборна комисија одлучи претседателските кандидати на гласачкото ливче да го добијат овој редослед.

Овој редослед ќе биде објавен во Службен весник. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 13 април, а гласачките ливчиња ќе бидат испечатени непосредно пред тоа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.