Пендаровски за 24 Вести: Власта и опозицијата мора да ги договорат црвените линии за името

Објавено на 13 март, 2014 во 08:29

Власта и опозицијата мора да изградат заеднички став  и да застанат зад него, Македонија мора да има црвени линии. Компромис е возможен само со консензус од сите релевантни политички субјекти, по принципот на рамковниот договор – порачува кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски во вечерашната Анализа на 24 Вести.

Пендаровски вели – нема дилема дека иднината на Македонија е на запад, но цената ќе треба да се договори заеднички.

Кандидатот за претседател од СДСМ вели дека во земјава има политички затвореници, а актуелната власт ја разнишала демократијата.

Пенадровски порачува дека барањето на ДУИ за консензуален кандидат за претседател е всушност барање за коалициски кандидат за претседател. Според него кавгата меѓу Груевски и Ахмети се сценарио.

Пендаровски порачува негов трагет не се партиите од албанскиот кампус и нема да се пазари со нив, ниту да договара пренос на гласови. Вели нему таргет му се граѓаните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.