Пендаровски едногласно избран за кандидат за Претседател на Македонија
Професорот Стево Пендаровски едногласно од сите 588 делегати кои биле присутни бил избран за кандидат за претседател на СДСМ и коалициските партнери на 16-тиот Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз.
Вашата денешна одлука и поддршка ме исполнува со надеж и верба во конечна победа. Задоволство ми е што сум кандидат на СДСМ и здружената опозиција, која е единствена политичка опција што може да ја понесе Македонија на подобро“, рече Пендаровски.
Тој најави дека ќе биде заштитник на граѓаните и ќе ги штити од притисоците на власта.
„Првата моја задача ќе биде да го вратам достоинството и важноста на функцијата Претседател на Република Македонија. Во изминативе пет години таа важна институција доживеа деградирање без преседан во поновата историја“ рече Пендаровски.
Петтите претседателски избори во Македонија се закажани за 13-ти април. На вториот круг од изборите на 27 април во земјата ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.
Ова го истакна Пендаровски веднаш по изборот за претседателски кандидат:
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=EbGerPJlSyw{/youtube}