„Македонија заслужува Претседател“ мото на вечерашниот Конгрес на СДСМ
Објавено: 4 март, 2014, во 16:38 часот
Вечерва Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе го одржи 16-от Конгрес на партијата под мотото “Македонија заслужува Претседател”.
Конгресот за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 19:00 часот.
Медиумите ќе имаат можност да го проследат почетокот на Конгресот и говорот на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
По работниот дел, Конгресот повторно ќе биде отворен за медиумите кога ќе се обрати избраниот кандидат за Претседател на Република Македонија.
