ВМРО ДПМНЕ оди на предвремени парламентарни избори
Објавено на 1 март, 2014 во 14:34
ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа фрлената ракавица од ДУИ и прифаќа да се одржат предвремени парламентрани избори заедно со вториот круг од претседателските на 27 април, изјави премиерот Никола Груевски на конвенцијата за избор на кандидат за шеф на државата.
Груевски вели дека ДУИ преку уцени сака да добие едно од трите раководни места во државата.
„ВМРО-ДПМНЕ не подлегнува и не прифаќа никакви уцени и закани кога се во прашање националните и државните интереси на Република Македонија“, рече Груевски.
Од членството на партијата и од граѓаните на Македонија побара двојна победа на 27 април.