Манчевски го повика Дамјановски на јавно соочување

Објавено на 14 февруари, 2014 во 17:55

СДСМ во пишана реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, го повика директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски на јавно соочување со потпретседателот Дамјан Манчевски.

– Илија Димовски повторно одржа безначаен монолог и ништо не кажа. Денеска разбравме дека сака да биде вклучен и во кадровската политика на СДСМ, се вели во реакцијата.

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да одговори  зошто не го објавува договорот меѓу Клиничкиот центар и ОКТА за набавка на мазут за 2014 година, колку вработени има во државната администрација и дали кампањата против СДСМ се финансира со пари од Буџетот на државата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.