Од грип се разболеа сто лица во Неготино и Демир Капија

Објавено: 4 февруари, 2014, во 15:04 часот

Шестотини и педесет граѓани на Неготино и Демир Капија примиле вакцина против сезонски грип а стотина заболеле од вирусното заболување . Според д-р Иванка Тодоровска од раководител во неготинскиот Центар за јавно здравје годинава има повеќе вакцирани граѓани од лани.

– Бројот на вакцинирани е за стотина поголем споредено со минатата и со претходните години.

Граѓаните навреме се обидуваат да си обезбедат заштита од инфекција но болеста повторно се шири. Најгрижливи се повозрасните граѓани кои се на или постари од шеесет години. Навика за примање на вакцина имаат и граѓаните кои боледуваат од хронични болести како бронхити, астма, срцеви и бубрежни заболувања. Со препорака,биле вакцинирани и деца.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.