Ексклузивно: Предвремени на 20 април, Ѓорге Иванов кандидат за претседател!?

Објавено на 30 јануари, 2014 во 08:29

Доцна вчеравечер паднал договор помеѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Како што дознава редакцијата на Центарњус од високи извори во ВМРО- ДПМНЕ на вчерашната средба помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети која се одржала во партиското седиште на ДУИ во Мала Речица било договорено првиот круг од претседателските избори да се оддржи на 6 април, додека вториот круг од претседателски избори и вондредните парламентарни избори да се оддржат на 20-ти април.

Дали граѓаните на Македонија повторно ќе одлучуваат на кого ќе му ја дадат довербата преку нови вондредни парламентарни избори?

Интересен е фактот доколку вториот круг и предвременти парламентарни избори се оддржат на 20-ти април на најголемиот христијански празник Велигден, тоа ќе биде знак дека ВМРО- ДПМНЕ ја очекува поддршката на албанците а во исто време дека ја губи поддршката кај македонскиот електорат.

Како што дознаваме политичкиот пазар доцна синоќа бил договорен помеѓу коалиционите партнери. Али Ахмети и ДУИ на вчерашната средба од Никола Груевски добиле гаранции дека доколку ВМРО-ДПМНЕ добие поддршка за предвремени парламентарни избори , претседателското место во Собранието ќе оди во рацете на интегративците и токму на таа позиција ќе се најде досегашниот министер за одбрана Талат Џафери.

ДУИ покрај претседателското место во собранието побарало и 7 клучни министерство меѓу кои и МВР.  За возврат интегративците го прифатиле Ѓорге Иванов како консензуален кандидат за престојните парламентарни избори.

По овие сознанија можеме да претпоставиме дека состојбите и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и не се така добри штом влегуваат во ваков голем пазар.

На предвремени парламентарни избори и денеска од Тирана повика и лидерот на албанската опозиција Мендух Тачи во интервјуто за Њуз 24 , Тачи вели:

“ДПА не размислува да излезе со свој кандидат ако при тоа не се одржат и парламентарни избори. Доколку пак, заедно се одржат два изборни процеса, тогаш ДПА ќе учествува со свој претседателски кандидат.  Што се однесува до претседателските избори, како партија ние не сме заинтересирани бидејќи тоа е залудна битка. Кандидатот Албанец не може да победи, така што засега не сме заинтересирани да учествуваме на овие избори, истакна Тачи.

Интересен е и фактот дека и вицепремиерот на Србија, Александар Вучиќ денеска излезе со став дека владата на Груевски ќе излезе на нови парламентарни избори, тој напоменува дека не постои конфликт помеѓу коалиционите партнери, ова го истакна потпретседателот во владата на Република Србија Вучиќ за емисијата  “Впечаток на неделата” на Б92.

Во наредниот период останува да видиме до каде и како ќе се одвиваат работите на политичката сцена во Македонија?

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.