ВМРО ДПМНЕ: Колкав приход има Шекеринска од издавање на станови?

Објавено на 29 јануари, 2014 во 14:54

Радмила Шеќеринска пријавила во својот анкетен лист дека издава еден стан за годишна кирија од 3,9 милиони денари или 5.317 евра месечно, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

– Без намера да предизвикаме нервоза и без намера ова прашање да биде разбрано како негативно, би потенцирале дека госпоѓата Шекеринска мора да даде одговор како е возможно месечно да инкасира 5.317 евра од кирија за издавање на еден стан. Дали можеби вака напумпан и нереален приход од  5.317 евра за издавање на само еден стан е основ за сомнеж дека станува збор за сосема друг тип приходи кои на овој начин се претставуваат за легални или пак можеби станува збор за веќе постојни пари кои Шекеринска на овој начин ги легализира и постапно ги пријавува за приход на своето семејство – рече Димовски.

Тој додаде дека Шекеринска во својот анкетен лист пријавила еден стан од 178 метри квадратни, каде живее и уште неколку помали станови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.