Победата на Макрон го зацврсти еврото

Објавено: 8 мај, 2017, во 08:11 часот

Француските медиуми, возбудени по победата на либералот Емануел Макрон, јавуваат за бенефитите што тој и ги носи на Европската Унија, се уште не влезен во Елисеј.

Имено, берзите на исток покажуваат значаен пораст на еврото во споредба со останатите светски валути.

Иако оваа состојба е неизвесно до кога ќе трае, утрово, валутата евро покажува највисок курс во минатите месеци.

Натамошниот развој на политичката сцена во Франција ќе влијае и на идните одлуки на Централно Европската банка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.