Шекеринска: За кого во Македонија биле наменети „црните“ турски евра?

Објавено на 26 декември, 2013 во 15:03

Во Македонија законите се почитуваат, ограничено е колку пари смее да се пренесат  преку граница во готовина, а исто така постојат обврски за банките за секоја трансакција над 10.000 евра да биде пријавена во  Управата за спречување перење пари, пренесе Радио Слободна Европа.

Ова беше одговорот на министерот за финансии Зоран Ставрески на прашање од пратеничката Радмила Шекеринска на денешната седница во Собранието. Шекеринска во врска со корупцискиот скандал во Турција и тврдењето на директор на Халк банк дека дел од парите што во кутии за чевли биле најдени кај него дома, милион евра биле наменети за Македонија, праша како тој износ пари стасал од адреса во Турција во Македонија и за кого биле наменети.

Таа изнесе и тврдење дека во последните четири години просекот на нелегални финансиски трансфери  е милијарда и 24 милиони долари и праша на што се должи, како што рече, драстичниот пораст на тој износ за двапати во однос на претходните четири години.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.