Познати учениците и студентите кои се годинешни стипендисти на општината
Средношколците Ирена Христова, Кристијан Милошевиќ, Никола Танев, Игор Кузмановски, Љупче Петровски, Емилија Тасева, Марија Ртоска и Бобан Ѓорѓиевски се годинешни стипендисти на општина Велес. Тие секој месец во учебната 2013/2014 година ќе добиваат стипендија во висина од 1 500 денари.
Освен осуммината средношколци, општината, ќе ја продолжи традицијата на стипендирање и на осум студенти кои ќе добиваат месечен износ од 2.000 денари. Годинава тоа ќе бидат студенитите Страхил Тодоров чиј просек на оцени е 9.92,
Лидија Лазовска со 9.74, Александра Тодорова со 9.62, Емилија Лазарова со просек на оцени 9.50, Елизабета Атанаскова која има студенски просек од 9.25, Александра Давитковска со 9.28, Мирсада Исмаил чиј просек изнесува 9.81 и Македонка Спасиќ со 9.60.
Сите тие ќе ги користат сретствата кој општината ги издвојува во посебен фонд за стипендирање на талентирани ученици и студенти. Претседателот на комисијата за доделување на средношколски и студентски стипендии, Бошко Караџов соопшти дека годинешниот избор на стипендисти во категоријата ученици бил направен помеѓу 18 средношколци додека за стипендијата наменета за студенти конкурирале 13 кандидати.
– Беше навистина тешко да ги донесеме вистинските одлуки но благодарение на начинот на бодување, правилникот за работа и параметрите кои ги донесовме успеавме без надгласување и со консензус да ги одбреме учениците и студентите кои најмногу заслужуваат да добијат стипендии и кои најмногу ќе имаат полза од истите“, рече Караџов.
Општината на стипендистите половина од вкупната сума на пари ќе им ја исплати до крајот на овој месец а втората половина в година, до месец јуни. Стипендиите имаат за цел да ги стимулира и мотивира талентираните ученици за постигнување на солидни резултати и нивно вклучување во општествено-економскиот живот и развој на општината. /Б.Н