Осумнаесет годишен велешанец криумчарел мигранти, заврши во притвор!
Објавено на 28 ноември, 2013 во 11:48
Во понеделникот младиот влешанец С.Д. (18) бил фатен на автопатот Неготино – Велес близу селото Каласлари.
Полициски службеници го сопреле товарното возило кое го управувал велешанецот и при што откриле дека во него се превезуваат 12 авганистански државјани без патни исправи. Констатирале дека тие илеглано влегле во земјава.
Истражен судија му одреди 30 дневен притвор, а мигрантите се сместени во прифатен центар. Регионалниот центар Југ поднесе кривична пријава за криумчарење мигранти./Б.Н.