Ева Лонгориа сака да стане градоначалничка
Објавено: 18 ноември, 2013, во 10:47 часот
Ева Лонгориа е веќе девет години активна политичарка а целта и е да стане сенаторка.
Моментално размислува да се кандидира за градоначалничка а совети побарала од својот колега Џорџ Клуни кој со години е политички активен а особено се истакнува како огнен симпатизер на Barack Obamа.
-Сака да биде градоначалничка на Сан Антонио или Корпус Кристи во Тексас,каде го минала детството. За две години би се кандидирала за Сенатот,изјавил пријател на Ева.
Eвa како и Џорџ го поддржува Барак Обама. Во претседателската кампања во 2004 година ги претставуваше изборните програми на претседателските кандидати на латино заедницата во САД. Eвa е позната како голема хуманитарка и борец за човечките права на Латиноамериканците.
